Како што заладува времето, на организмот му се потребни повеќе намирници кои содржат витамини, особено витамин Ц клучен за борбата против вируси и бактерии.
Многу е важно што јадеме во текот на есенските и зимските денови, кога кожата ни станува посува. Нутриционистите препорачуваат во периодот од ноември до април во исхраната задолжително да ги внесеме овие пет намирници.
Што треба секој ден да јадеме во овој период?
Цвекло
Важи за златен извор на витамини и минерал, богат е со витамин Ц, бета-каротен, калциум, железо и магнезиум.
Јајца
Богати се со витамините Б2, Б12, А и Е, железо, цинк и фосфор. Жолчката е богата со калциум и железо и кога го консумирате ги задоволува скоро 90 проценти од дневната потреба на организмот за овие минерали.
Содржи и девет важни аминокиселини. Јајцата треба да ги јадеме често, особено во зимските денови.
Морков
Одамна е познато дека морковот е добар за видот, но и за кожата во студените денови. Содржи голема количина бета-каротен кој во телото се претвора во витамин А. Овој витамин го подобрува имуниот систем, но добро делува и на кожата.
Портокали
Освен што се богати со витамин Ц, клучен за борбата за заштита од вируси и борбата со настинки, портокалите обилуваат со антиоксиданси, но и колаген кој ја обновува кожата во зимскиот период.
Бадеми
Содржат антиоксиданси, богати се со протеини, магнезиум, влакна, витамин Б, калциум, калиум, фосфор, цинк, железо и здрави масти.
Ќе бидат од голема корист за стабилизација на шеќерот во крвта и ќе влијаат позитивно на здравствената состојба на организмот. Бадемот е одличен за топење на масните наслаги на стомакот, па ако имате проблеми со тежината, јадете секој ден сирови бадеми. По две недели ќе видите резултати од тоа.
извор: кајгана