Живот и Стил

Исфрлете ги овие четири парчиња од гардероберот: Стилистите велат дека им е поминат рокот

Исфрлете ги овие четири парчиња од гардероберот: Стилистите велат дека им е поминат рокот

Трендовите доаѓаат и си одат. Покрај класиците кои се носат од сезона во сезона, постојат, имено, парчиња кои според експертите имаат свој рок на траење. Модните стилисти издвоија четири есенски трендови кои треба да се остават во минатото и да се заменат со некои нови парчиња.

Излитени маици и тренерки

Пандемиската мода се фокусираше на се што е поврзано со спортот, а стилистите велат дека сега светот на модата повторно се движи кон покомплексен и подефиниран изглед. Ако ги прашате нив, тренерките треба да се заменат со кашмир и фини џемпери. Парчињата во кои живеевме изминатата година ипол треба да се пратат во пензија и да се вратиме во „нормална“ облека, сметаат стилистите.

Обично наесен гардеробата ни станува потемна, но оваа година, сметаат стилистите, треба да носиме бои. Светлите бои кои го одбележаа летото не треба целосно да се напуштат.

Комплети

Во годината зад нас многу се носеа плетените комплети кои често ги заменуваа тренерките. Но, како тренерките и тие треба да се остават зад нас, велат стилистите за порталот „WhoWhatWear“. Наместо тоа, изберете плетени елеци, кои се совршено парче за слоевити, забавни комбинации.

Обични хеланки

Стилистите препорачуваат оваа есен да не им давате на хеланките толку простор во гардеробата како што беше случај минатата сезона. Иако се удобни и лесни за комбинирање, има, велат, и други парчиња кои се подеднакво опуштени и изгледаат одлично. Стилистите, на пример, препорачуваат едноделни парчиња за смелите.

Фустани со изрези

Стилистите мислат дека е време да се одложат фустаните со различни изрези. Меѓу другото, температурите се намалуваат, па може да ви биде многу ладно во нив, дури и со јакна горе. Наместо тоа, изберете макси фустани. Тие се и голем летен тренд кој им ласка на сите облици на тело, но советот на стилистите е да додадете предимензионален џемпер и чизми на омилениот макси фустан и ќе добиете совршена и удобна комбинација.

извор: попара.мк

To top