Радио Милева сподели приватен момент

Дама со стил: Maјката на Марјана Станојковска славеше роденден (видео)

Дама со стил: Maјката на Марјана Станојковска славеше роденден (видео)

Марјана Станојковска важи за една од најатрактивните водителки на телевизиските екрани.

Како долгодишен домаќин на „Лото“, водителката има израдувано многу верни играчи на игрите на среќата.

Освен на ТВ екраните, Марјана е активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии.

Најчесто нејзините објави се поврзани со нејзината професија, односно фотки од студио, рекламирајќи разни брендови за комзетика, костими за капење, разни модни парчиња….

Меѓутоа, кога пак станува збор за нејзиниот приватен живот, водителката на „Лото“ е резервирана  и многу ретко речиси па никогаш не објавува детали.

Сепак, овојпат Станојковска имаше убав повод за славење и го обелодени на својот „Инстаграм“.

Имено, нејзината мајка Мирка славеше роденден, а тој повод и направи и мала роденденска забава во еден бар во Скопје.

Мајката на водителката доби и роденденска торта на која пишува „Happy birthday“, а со чеканче удираше по тортата додека да се скрши.

Овој момент водителката го снимаше  и го објави на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)


Мајката на Марјана со торта, песна и добро друштво уживаше во роденденското расположение.

Тука и беа балоните кои ги пушти во облаци,  па ги гледаа од балконот на нивниот дом.

-Те сакам, најдобра мајка“, напиша водителката покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Инаку, многумина коментираат дека Марјана си личи на нејзината мајка, ќе се согласите ли?

Среќен роденден!

To top