Живот и Стил

Мусака со модри патлиџани и месо

Мусака со модри патлиџани и месо

Одлична идеја за денешниот ручек.

Потребни состојки:

  • 5 модри патлиџани
  • 500 г мелено месо
  • 150 г кромид
  • 2 чешниња лук
  • 3-4 свежи домати
  • 1 лажичка магдонос
  • Ловоров лист
  • Сол и бибер
  • 100 мл маслиново масло
  • 1 лажичка вегета
  • За бешамел сос
  • 40 г путер
  • 30 г брашно
  • 500 мл млеко
  • 1 лажичка пармезан
  • 2 јајца
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

Исечете ги патлиџаните по должина, посолете ги и оставете ги да отстојат. Измијте ги со топла вода и ставете ги на хартија.

Ставете ги во тава премачкана со маслиново масло. Печете ги во рерна на 200 степени околу 15 минути.

На маслиново масло продинстајте го исечканиот кромид, а потоа и меленото месо. Додајте ги сечканите домати, ловоров лист, бибер, лукот и вегетата. Продинстајте.

Откако месото ќе омекне, додајте магдонос.

Бешамел: на растопен путер кратко пропржете го брашното, прелијте со ладно млеко и мешајте околу 5 минути. Додајте сол, бибер и пармезан.

Изладете го сосот и додајте ги претходно изматените јајца. Во огноотпорен сад наредете еден ред патлиџани, по нив распоредете дел од динстаното месо, повторно ставете патлиџани, динстано месо и завршете со ред патлиџани. Прелијте со бешамел сос. Печете на 220 степени околу 20 до 30 минути.

извор: кајгана

To top