Живот и Стил

Овие фустани никогаш нема да излезат од мода: 3 модели кои секоја жена треба да ги поседува

Овие фустани никогаш нема да излезат од мода: 3 модели кои секоја жена треба да ги поседува

Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но овие 3 модели на фустани се ненадминливи и се чини дека никогаш нема да излезат од мода.

Тие ѝ ласкаат на секоја фигура, во нив секоја жена изгледа префинето, а и се многу практични за носење. Можат да се носат во најразлични прилики и да се комбинираат со многу модели на накит и чевли – од лежерните до оние малку посвечени.

Ако сè уште немате барем еден од овие 3 модели во вашиот гардеробер, вистинско време е да инвестирате во овие кроеви:

Плетен фустан

Плетените фустани веќе со децении се „must have“ парче. Многу удобен, практичен и што е најдобро – совршено прилега на секоја фигура бидејќи ја следи линијата на телото и ги истакнува облините.

Во комбинација со сако може да биде одличен за на работа, а доколку доддете некој ефектен накит и салонки, ќе бидете спремни за излегување со пријателките.

Кошула фустан

Без дилема, ова е парче кое важи за класика. Одговара во комбинација со патики, сандали, салонкки или чизми и со него никогаш не можете да погрешите.

Дуксер фустан

Ако удобноста ви е секогаш на прво место, изберете го овој модел.

 

извор:точка.мк

To top