Живот и Стил

Колачето од хит-серијата „Squid game“ го освои светот: Се прави од само две состојки, ова е рецептот

Колачето од хит-серијата „Squid game“ го освои светот: Се прави од само две состојки, ова е рецептот

Омиленото јужнокорејско колаче ја врати својата популарност од 70-те и 80-те години.

Серијата „Squid Game“ стана огромен хит за кратко време, а за оние кои не ја гледале станува збор за јужнокорејска серија, а приказната се одвива во затворен простор во кој престојуваат повеќе луѓе чија цел им се парите.

За да ги освојат парите, играчите мора да играат шест детски игри кои се направени така што се опасни по живот. Меѓу нив се наоѓаат и игри кои ние сме ги играле како деца.

Една од популарните игри е играта со колачето. Имено, секој играч добива колаче во кое има направен облик кој со помош на игла мора да го извади во целост.

Ова колаче традиционално се вика „далгона“ што во превод значи „слатко е“, а потребни ви се само две состојки за да го направите – шеќер и сода бикарбона.

Две лажици шеќер ставете во тенџере, па мешајте додека шеќерот не се стопи, односно карамелизира, а потоа додадете половина лажичка сода бикарбона.

Кога шеќерот и содата ќе се соединат, извадете го тенџерето од оган и смесата ставете ја на плех обложен со хартија за печење.

Смесата притиснете ја со тежок предмет, па втиснете го во неа саканиот облик и почекајте да се стврдне, а потоа играта може да започне!

На здравје!

извор: кармин.точка.мк

To top