Ова нејверојатно е еден од најефтините, најбрзите, а и највкусните оброци кои може да ги подготвите.
Ништо полесно, а толку вкусно!
Подгответе палента на овој начин и послужете ја како прилог за ручек или ужинка со сирење, чили или сос од домати… Нема да погрешите за што и да се одлучите. Пробајте и потпечена палента со компири за вкусна вечера.
Состојки:
– половина килограм палента
– 100 гр. масло
– вода
– зачини
Подготовка:
Истурете вода во тенџере, посолете и оставете да проврие.
Додадете ја палентата и мешајте без престан, па посолете, ставете бибер и додадете зачини по желба.
Кога ќе стане кремаста, додадете масло, а потоа мешајте додека не биде сосема компактна.
Палентата оставете ја да се излади. Кога ќе се излади и зацврсти, пресечете ја во форма по желба. Тогаш загрејте малку масло во тавче, па пропржете ја додека не добие златна кора и не стане крцкава.
На здравје!
извор: точка.мк