Месец октомври дефинитивно е во знак на македонската пејачка Сара Костадиновска или позната како Сара Мејс.
Пејачката секој година во 10иот месец од годината има убав повод за славење. Имено, вчера 20.10.2021 година го прослави својот роденден.
Мејс славеше во друштво на своето семејство, односно нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски и нивната ќерка Илина.
Таа на „Инстаграм“ објави неколку фотографии и покажа во чие друштво го поминала роденденот. Сара позираше заедно со сопругот и Илина во еден ресторан, а имаше и роденденско колаче на кое има и свеќичка со „Среќен роденден“.
Сара ја доби и најслатката и најубава честитка за роденден од нејзината ќеркичка Илина. Додека гореше свеќичката, малата Илина и отпеја песничка на Мејс.
„Хепи брдеј деар мамо, хепи брдеј“, пее ќерката на пејачката.
Мејс во описот покрај објавата на фотографиите откри што посакува за роденден.
„Не постои нешто што повеќе сакам од нив. ❤️👨👩👧
Нив си ги посакувам за роденден. Да ми се здрави“, напиша покрај постот, а под истиот се нижеа честитки од корисниците на социјалните мрежи.
Инаку, она што им е заедничко на Сара Мејс и балкаснакта ѕвезда Лепа Брена е тоа што се родедени на ист датум – 20.10.
И српската пејачка Лепа Брена вчера исто така славеше роденден. Брена роденденот го славеше надвор од Србија заедно со нејзините пријатели и роднини.
Брена својот 61 роденден го прослави и на највообичаено место односно во обикола на фарма за крокодили.
Среќен роденден на двете пејачки.
фото: принтскрин/сара мејс/ лепа брена