Радио Милева не се дружат приватно

Беа во „војна“ во „Ѕвездите на Гранд“: Вики Миљковиќ откри во какви односи е со Карлеуша откако го напушти музичкото шоу

Беа во „војна“ во „Ѕвездите на Гранд“: Вики Миљковиќ откри во какви односи е со Карлеуша откако го напушти музичкото шоу

Беа во „војна“ во „Ѕвездите на Гранд“: Вики Миљковиќ откри во какви односи е со Карлеуша откако го напушти музичкото шоу

Вики Миљковиќ е членка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ веќе неколку сезони по ред и заедно со своите колеги во жирито ги оценува кандидатите.

Во претходните неколку сезони, додека Јелена Карлеуша беше дел од музичкото шоу постојано со Вики беа во „војна“ и често знаеаја пред ТВ екраните да си кажат тешки и навредливи зборови.

Публиката се сеќава на сцената кога Јелена ја погоди Вики со чаша со вода и се тоа поради што Миљковиќ ја прекинуваше додека таа зборуваше.

Јелена често знаеше да упати навредиливи зборови кон својата колешка. Иако многумина мислеа дека се тоа е однапред подготвено, Саша Поповиќ тврди дека не е така.

Јелена од оваа година не е во „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место дојде нејзината кума Цеца Ражнатовиќ.

Вики Миљковиќ на последното снимање на музичкото шоу откри во какви односи е со Карлеуша откако таа си замина од жирито.

На прашањето дали се слушаат, таа вели:

„Не, ние и додека не бевме во жирито не се слушавме приватно, не се дружевме, па така и сега не се слушаме“ изјави Вики.

„Никогаш не знаеме што не чека на снимање, секогаш се случува спонтано, затоа сме интересни и ни е добра гледаноста, ништо не е наместено“  вели Вики, па проговори за Цеца.

„Со Цеца најдобро се согласувам, но јас сум сите сум во добри односи, се случува тоа што се случува и одиме понатаму“ вели Миљковиќ.

фото: З.К Муња/Д. Милошевиќ/инстаграм/вики миљковиќ/карлеуша стар

To top