Живот и Стил

Десет трикови за убавина

Десет трикови за убавина
  1. Затоплете го креонот и моливот за усни за поубав резултат. Тоа можете да го направите или со вашите раце или со помош на фен. Резултатот е поинтензивни бои и полесно нанесување.
  2. Вратете ја во употреба раздробената сенка за очи. Ако сенките за очи или руменилото ви се раздробат, тоа не е причина да ги исфрлите од употреба. Тие повторно ќе си ја добијат својата функција ако ги измешате со вазелин. Така ќе добиете кремаста сенка за очи или руж.
  3. Заштитете ги забите од карминот. Откако ќе го нанесете карминот, ставете го вашиот показалец во устата. Со устата обидувајте се да го привлечете навнатре, додека го повлекувате прстот нанадвор. Така карминот кој што во друг случај би останал по вашите заби, сега ќе остане по прстот.
  4. Припитомете ги веѓите. Ако имате непослушни, бушави веѓи, земете стара четка за заби и прснете врз неа лак за коса. Потоа брзо поминете со четката преку веѓите. Така тие ќе останат фиксирани.
  5. За бели нокти – паста за заби. Ноктите често добиваат жолта боја од различните лакови во боја. За да ги зачувате ноктите бели, тријте ги со паста за заби.
  6. Скротете ја „бебешката“ коса. Ако имате бебешка коса, која не стои како што посакувате, скротете ја со помош на лосион за раце. Нанесете малку лосион на вашите раце и замазнете ја косата.
  7. Коса со убава миризба. Напарфимирајте ја четката за коса со вашиот омилен парфем. Потоа исчеткајте ја косата.
  8. Разредете го шампонот и регенераторот. Многу шампони и регенератори се премногу густи, па затоа можете да ги разредите со вода. Освен што добивате продукт кој полесно се нанесува, вие штедите и пари.
  9. Регенераторот за коса = балсам за бричење. Вашиот регенератор може да биде одличен лосион за бричење, особено ако веќе не го употребувате за косата.
  10. Затоплете го лосионот за тело за подобро апсорбирање. Ставете го лосионот во микробранова печка и затоплете го малку, но не дозволувајте да стане жежок. Топлиот лосион подобро се апсорбира во кожата.
To top