Консумирањето алкохол и лекувањето на мамурлакот се теми кои служат како основа за раѓање на многу митови кои се распространуваат меѓу луѓето. Еве неколку широко распространети верувања за пиењето алкохол, како и вистината што се крие зад нив:
ТОЧНО. Кога зборуваме генерално, мажите можат да консумираат повеќе алкохол без да стигнат до состојба на пијанство. Причината за тоа е поголемата тежина на мажите која придонесува за помала концентрација на алкохол во крвта. Освен тоа, во телото на мажите има повеќе вода (62%, а кај жените 52%), па алкохолот е поразреден. Со други зборови, кога маж и жена ќе испијат еднакво количество алкохол, кај жената ефектот од алкохолот е поизразен.
ЗАБЛУДА. Откако алкохолот ќе влезе во крвта, мора да изминат неколку часа за телото да се ослободи од алкохолот. Ниту кафето, ниту ладниот туш нема да ви помогнат во тоа. Кафето може само да го прикрие пијанството, т.е. вие сè уште ќе бидете пијани, но ќе се чувствувате побудни. Тој ефект може да биде и опасен, затоа што може да останете со впечаток дека можете да управувате со автомобил, кога всушност треба да ги предадете клучевите на некој ваш трезен близок пријател.
Кафето не само што не помага наредниот ден, туку ја зголемува дехидратацијата на телото и може да ги влоши симптомите на мамурлак. По пијанство најдобро е да избегнувате сè што содржи кофеин, а наместо тоа да се напиете вода или спортски пијалак. Спортските пијалаци содржат електролити кои се губат од телото при зголеменото мокрење или повраќањето што ги предизвикува пијанството.
ТОЧНО. Не заминувајте гладни на роденденска забава. Храната ја намалува брзината на апсорпција на алкохолот и тоа му дава повеќе време на телото да се справи со внесеното количество алкохол. Но, тоа не значи дека можете да пиете колку што сакате без да се испијаните. Празниот стомак помалку поднесува алкохол, но полниот не значи дозвола за пиење без контрола.
ЗАБЛУДА. Консумирањето на храна по завршувањето на лудата вечер исполнета со алкохол нема да ви помогне. Треба да имате полн стомак пред започнувањето на наздравувањето и пиењето. Тестенините не помагаат и од гледна точка на тоа што содржат многу јаглехидрати. Мрсната храна е многу подобар избор, затоа што мастите го забавуваат апсорбирањето на испиениот алкохол.
ЗАБЛУДА. Алкохолот не ги убива мозочните клетки, но влијае на начинот на којшто тие комуницираат помеѓу себе. Сепак, и покрај тоа што не ги уништува мозочните клетки, хроничното пиење алкохол може да доведе до невролошки нарушувања кои можат да предизвикаат проблеми со памтењето.
ТОЧНО. Црвеното вино не е најдобриот избор ако не сакате наредниот ден да страдате од главоболка, затоа што содржи танин, супстанција која ја поттикнува појавата на болка и тежина во главата. Темните алкохолни пијалаци, како виски, исто така почесто предизвикуваат главоболка.
Од друга страна, безбојните пијалаци како вотка и џин, се најдобар избор ако сакате да избегнете тежок неподнослив мамурлак.
ЗАБЛУДА. Консумирањето на различни пијалаци во една вечер, како пиво, виски и вино, нема да ве направи попијани, затоа што алкохолот си е алкохол, без разлика дали доаѓа од вино или од виски. Но, мешањето на различни пијалаци ќе предизвика да ви се лоши повеќе и ќе ви ги влоши симптомите на мамурлак.
ЗАБЛУДА. На почетокот навистина ќе чувствувате дека алкохолот ви дава повеќе енергија и ве прави посреќни, затоа што алкохолот ги потиснува вашите инхибиции. Но, ако ги преминете границите на умереното пиење, ќе почувствувате дека зборувањето, движењето и размислувањето ви се забавуваат и дека расположението ви се намалува.