Радио Милева во потрага по замена за бившата жена

Ќе се снима „Кафана на Балкану“ – серија темелена на животот и кариерата на Аца Лукас: Овие две актерки се во игра да ја глумат бившата жена на пејачот

Ќе се снима „Кафана на Балкану“ – серија темелена на животот и кариерата на Аца Лукас: Овие две актерки се во игра да ја глумат бившата жена на пејачот

Серијата „Кафана на Балкану“, за животот и кариерата на Аца Лукас, наскоро ќе започне со снимање, а продуцентот Саша Мирковиќ бара актери кои ќе интерпретираат ликови од животот на пејачот.

 

Освен што е познато дека ликот на таткото на Лукас, Вуксан Вуксановиќ, најверојатно ќе го протолкува актерот Мима Караџиќ, јавноста најмногу ја интересира која актерка би можела да ја игра поранешната сопруга на Аца – Соња Вуксановиќ.

Според извор за српските медиуми, во трка се две славни актерки – Тамара Драгичевиќ и Теодора Бјелица.

„Една од нив најверојатно ќе ја добие улогата на Соња, која ќе биде доста застапена во серијата, како и во филмот“ – вели изворот и додава дека првите разговори веќе се воделе и со Тамара и со Теодора.

 

Бидејќи датумот за почеток на снимањето на „Кафеана на Балканот“ се’ уште не е познат, а првата проба за улогата на Соња не е изведена, не е познато која актерка е поблиску до заземање место на поранешната сопруга на Лукас.

Фото: Инстаграм принтскрин

To top