Оваа домашна маска за лице се користи 2 пати неделно, а резултатите за кратко време се видливи.
Сите жени кои имаат сува кожа, знаат дека таа честопати знае да изгледа безживотно и дека е прилично тешко да се врати нејзината природна свежина и сјај. Но, оваа маска е решение за овие проблеми.
Комбинацијата од овие 3 состојки длабински хидрира, а веднаш по употребата на оваа маска се враќа сјајот на кожата.
Потребни состојки:
– 1 шака овесни снегулки
– 1 белка од јајце
– 1 лажица кокосово масло
Измешајте ги состојките, нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува околу 15 минути. Потоа исплакнете со млака вода.
Како овие состојки делуваат на кожата?
Белката е одлична за кожата од повеќе причини, а прво нешто што ќе забележите е ефектот на затегнување на лицето. Кокосовото масло длабински хидрира бидејќи неговите молекули се способни да продрат подлабоко во кожата и не се задржуваат на површината. Овесот помага кожата да ја заврши влажноста, а воедно прави и благ пилинг на лицето кој не е премногу груб за сувата кожа.
извор: Кармин.точка.мк