Лазања е традиционално италијанско јадење со тестенини, крем сос и додаток по ваш избор, а ако не сакате да додадете месо, пробајте го овој рецепт со вкусни печурки!
Тестенини, печурки, земјени ароми, топено сирење… Одличен викенд ручек кој е се подготвува многу брзо!
Состојки:
- 400 грама лазањи
- 300 грама печурки
- 3 чешниња лук
- 3 лажици брашно
- 3 лажици путер
- 400 милилитри млеко
- Сол, бибер
- Цврсто сирење
Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода, загрејте ја рерната на 200 степени. Брзо пропржете ги печурките и лукот, извадете ги од тавата и растопете го путерот во неа. Додадете го брашното и мешајте две минути, па истурете го млекото и мешајте додека не добиете густ сос. Во сад за печење ставете малку сос, потоа кора, па печурки и така сè додека не ги потрошите сите состојки. Посипете со рендано сирење и печете во рерна.
извор: курир.мк