Живот и Стил

Овој модел на капут е апсолутен хит на сезоната

Овој модел на капут е апсолутен хит на сезоната

Иако со години важеше правилото дека во текот на есенските денови се носат „посмирени“ и помонотони бои, оваа година правилата се менуваат.

Оваа сезона во фокус ќе бидат впечатливите нијанси и интересните кроеви.

Парчето кое ќе доминира на модната сцена е дефинитивно капутот со поширок крој кој одговара со речиси сите комбинации. Може да се носи со патики, кратки или високи чизми, високи потпетици…, а во него секоја дама ќе изгледа феноменално. Дополнителен плус е тоа што овој модел е и многу удобен.

Модните експерти предлагаат во вашиот гардеробер да се најде капут во жолта, виолетова или розова боја. Според нивните зборови, нема жена на која овие нијанси не ѝ прилегаат, а истите ќе внесат ведрина во сивите, дождливи денови.

Во продавниците веќе можат да се најдат вакви капути, па доколку сè уште не сте набавиле еден ваков модел, задолжително направете го тоа.

Во продолжение, неколку идеи како да го носите парчето на сезоната:

извор: кармин.точка.мк

 

To top