Радио Милева тагата не поминува

Јелена Карлеуша објави фотографија со покојната мајка, но емотивната посвета сите ги растажи: „Боже, дај ни уште еден ден“ (фото)

Јелена Карлеуша објави фотографија со покојната мајка, но емотивната посвета сите ги растажи: „Боже, дај ни уште еден ден“ (фото)

Мајката на Јелена Карлеуша, новинарката Дивна Карлеуша почина на 3 март, 2019 година додека Јелена се враќаше од настап.

За Јелена ова беше голема загуба бидејќи Дивна и беше најголема поддршка и беа многу поврзани.

Пејачката се сеќава на нејзината мајка, па на својот „Инстаграм“ знае да објави фотографии, како што беше и овојпат и ги растажи нејзините следбеници.

Имено, Карлеуша во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија, а во позадина одеше и песна од Дино Мерлин.

„Боже, дај ни уште еден ден, една ноќ, една ноќ, само уште една ноќ, Боже дај ни ја уште таа една ноќ“ е стих од песната.

Инаку, по смртта на Дивна Карлеуша, Јелена некое време се повлече од јавноста, а тогаш беше дел од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, па се повлече на некое време. Карлеуша од тага по нејзината мајка ја скрати и косата.

фото: инстаграм/карлеушастар

To top