„Роденден е денот што го чекаме цела година“… – се пее во стиховите на една детска песничка и разбирливо е дека е така кога си дете. Ама кога ќе пораснеш, станеш возрасен, засноваш свое семејство, потомство, е тогаш… Тогаш е уште поубаво, тогаш си посреќен и поисполнет, враќајќи си го филмот назад што се’ си направил, оставил зад себе, што се било и минало… Патем, планирајќи ја и иднината. И своја и на своите најблиски, особено на децата.
А кога сме веќе кај песните и децата, таа е дете кое пее… И повеќе од тоа. Иако млада, денес е веќе позната пејачка со грст хитови и кариера во пораст, популерност која е во растеж, како и таа самата. А токму дамата чиј потомок е, најмногу со неа се гордее. И како не би, кога Антониа Гиговска е дете за гордост, какво што веројатно би посакал секој родител, особено мајка!
А мајка е една! Нејзината Катерина особено, зашто и е поддршка на Антониа уште од првиот ден кога решила да запее. Уште од почетоците кога се натпреваруваше во „Пинковите ѕвездички“, а разбирливо тоа не е променето ниту до денес, кога нејзината ќерка веќе бележи големи достигнувања во својата музичка кариера.
„Мојот свет, мојата поддршка, моето сè“- напиша Антониа во описот на заедничката фотографија каде позира насмеана заедно со мајка си, кога за прв пат ја претстави на пошироката јавност, покажувајќи каква е таа врска, колкава е таа љубов помеѓу мајката и ќерката.
Така е секојдневно, ама најмногу кога се има повод за славење… А како и на почетокот на приказната, роденденот е денот кој го чекаме цела година, нели, без оглед дали сме деца или возрасни. Впрочем, културата и бонтонот не дозволуваат на дамите да им се бројат годините, ама затоа им се бројат честитките. А онаа најголемата, најважната, најискрената доаѓа секако од децата.
Така беше лани, така е секоја година, па и годинава, кога Антониа Гиговска и јавно и го честиташе роденденот на својата мајка Катерина.
View this post on Instagram
Една фотографија или поточно кусо клипче на Инстаграм, вредно илјада зборови и желби рој во една реченица: „Среќен роденден мама… Те сакам“ – и како „магнет“ залепени образ до образ една до друга, мајката и ќерката, Антониа и мама Катерина! Бакнежот и насмевката се екстра, а среќата… веројатно неизмерна!
Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa