Отпорноста на телото на бактерии, инфекции и разни болести е одредена од многу фактори, вклучувајќи ја и крвната група. Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се справат со нападите врз нивното тело, а во таа смисла, носителите на крвната група 0 најдобро се справуваат.
Долгорочни истражувања покажуваат дека крвната група 0 е најсилна меѓу сите крвни групи. Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања, како и мозочен удар и срцев удар, а и ретко страдаат од болести поврзани со меморијата.
Поради отпорноста на телото на болести, луѓето кои имаат крвна група 0, во споредба со другите, живеат најдолго.
Зошто е тоа така?
Една од најважните причини е фактот дека крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочен удар и срцев удар се предизвикани од слаба коагулација на крв. Работите што се добри за срцето се добри и за мозокот, бидејќи многу од факторите на ризик кои предизвикуваат кардиоваскуларни заболувања се слични на ризиците од развој на ментални заболувања.
Која е најслабата?
Што се однесува до прашањето која крвна група е најслаба, тешко е да се одреди, иако експертите велат дека тоа е групата А, бидејќи истражувањата покажале дека носителите на оваа крвна група се најмалку отпорни на маларија и некои други заразни и системски заболувања.
Затоа, можеме да кажеме дека крвната група А е послаба од сите други.
Истражувањата, исто така, покажаа дека носителите на крвната група 0 живеат во просек подолго од сите други носители на крвни групи, така што логичниот заклучок е дека нивната отпорност на бројни болести и медицински состојби е одговорна за тоа.
извор: Кајгана