Иако повеќе не е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Јелена Карлеуша не престанува да биде секојдневно во центарот на вниманието на јавноста, особено поради нејзиниот впечатлив ултрапровокативен стајлинг на облекување.
Истото се случи и овој пат, кога на својот Инстаграм профил сподели провокативна фотографија која ги збуни фановите, бидејќи Јелена од половина нагоре беше облечена, а од половина надолу – соблечена.
“Горе зима, долу лето“ – е најдобриот опис за оваа фотографија, коментираат следбениците, кои и не се далеку од вистината кога е во прашање новиот стајлинг на „поп-фолк“ дивата, која горе е речиси „забулена“, а долу… баеги разголена!
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar