Љубителите на кокос ќе уживаат. Многу лесен колач, може да го изедете без грижа на совест. Рецептот е класичен, ќе се изненадите дека вкусшност е едноставен, а добивате еден таков кремаст и нежен колач, на кој најмногу ќе му се израдуваат љубителите на кокосот.
Потребни состојки:
- 6 белки, 150 г шеќер,
- 100 г брашно,
- 150 г кокос,
- 1 лажичка прашок за печиво,
- 1 лажичка оцет,
- 200 мл врело млеко за преливање на кориата кога е готова.
За фил:
- 800 мл млеко,
- 3 лажици шеќер,
- 6 жолчки,
- 3 лажици брашно,
- 2 пудинг од ванила (80 г),
- 200 г путер/маргарин,
- 150 г шеќер во прав и
- околу 50 г кокос за наросување.
Постапка:
рерната загрејте ја на 200 степени. Белките изматете ги добро па додајте го шеќерот и матете со миксер додека да се растопи. Потоа додајте брашно, кокос, прашок за печиво и лажичка оцет и матете со најспора брзина или со лажица за да се соединат состојките.
извор: нмд.мк