Има денови и вечери кога не сакате да поминувате многу време во кујна, затоа ви предлагаме брз и лесен рецепт, тестенини со четири вида сирење…
Состојки:
- пакување тестенини по избор
- 220 мл павлака за готвење
- 50 гр гауда
- 50 гр Ементалер
- 50 гр горгонзола
- 50 гр моцарела
- сол, бибер, зачини по избор
Начин на подготовка:
Згответе шпагети или други тестенини по ваш избор во солена, врела вода според упатствата на пакувањето. Истурете ја киселата павлака во тава со нелеплива основа, загрејте ја на умерена температура и додадете ги гаудата, ементалерот, горгонзолата и моцарелата. Мешајте додека не се растопат сирењата. Сосот е подготвен кога киселата павлака малку ќе се згусне. Потоа додадете ги тестенините со малку вода во кои се сварени и добро измешајте. Послужете топло.
Извор: курир.мк