Патувањата неизоставно нè трансформираат. Тие нè учат на нови култури, нѝ даваат нов пристап кон животот, а пред сè уживаме во поинаквиот дизајн на удобно сместување кое често не сакаме никогаш да го напуштиме.
Големи кревети преполни со меки перници, префинет избор на уметнички дела, елегантно уредена дневна соба… ова се само дел од компонентите кои можете да ги внесете во својот дом и со тоа да добиете динамична и спокојна атмосфера како онаа во луксузните хотели.
Ако сакате во вашиот дом да внесете доза на елеганција како онаа во хотелите „Four Season“, следете ги овие 5 совети за уредување на ентериерот.
Избирајте ги вистинските текстури
Мебелот и текстурите се тие кои го нагласуваат секој простор и му даваат визуелна тежина. Заводливите ткаенини се навистина важни бидејќи прават дизајнот на крај да изгледа совршено, од кадифени столчиња до најситни детали како декоративни перници.
View this post on Instagram
Пронајдете добри парчиња мебел за складирање
Полиците за книги или ѕидните библиотеки секогаш играат посебна улога во ентериерот. Многумина тежнеат кон минималистичкиот стил на живот, а поседувањето на неколку добри парчиња мебел за складирање на кои ќе ги чувате сите есенцијални предмети е клучен чекор од вашиот дом да направите удобно место за живот.
View this post on Instagram
Инвестирајте во бар
Поседувањето на домашен бар му дава чувство на секој домаќин како да се наоѓа во пентхаус апартман. Не е важно дали вашиот избор ќе биде цела единица која служи и како креденец или ќе се определите за ретро количка за пијалаци инспирирана од дизајнот од 50-те и 60-те години.
View this post on Instagram
Креирајте добро осветлување
Бирајте тип на осветлување кое ќе може да го прилагодувате според различните периоди од денот. Ако работите од дома, светлото работно опкружување е она што ви е потребно во текот на денот, додека во вечерните часови можете да креирате релаксирачка атмосфера со затемнети светла.
View this post on Instagram
Набавете значајни уметнички дела
Уметничките дела се финалниот елемент на секое дизајнирање на ентериер, како точка на крајот на едно книжевно дело. Со групирањето на неколку уметнички дела во претсобјето ќе создадете инстант ефект на комплетно уреден дом.
View this post on Instagram
извор: кармин.точка.мк