Живот и Стил

Дневен хороскоп (28 септември 2021)

Дневен хороскоп (28 септември 2021)

ОВЕН

Немојте да се изненадите ако партнерот кон вас искаже некаков вид на агресивност. На едно уво нека влезе , на друго да излезе. Ќе си дозволите еден непланиран трошок за да се утешите од фрустрациите, бидејќи не ви одат лесно работите. Одете полека.

БИК

Пред вас е еден по малку тежок ден, во кој работите нема да се одвиваат како што би сакале, но очекувајте спонзори на кои другите не сметаат. Денеска ќе се покаже дека сте имале добро претчувство. Верувајте во подобро утре.

БЛИЗНАЦИ

Би сакале да го дефинирате својот статус во еден однос , но околниостите нема тоа да ви го дозволат. Не е се уште јасно. Следува изненадување од претпоставените . Новите задачи бараат и нови таленти. Средете ги недоразбирањата без нервоза.

РАК

Денеска нема да бидете сигурни како да се поставите во љубовна ситуација. Според вашите критериуми , се ќе се одвива пребргу. Малку по малку , на другите ќе им се вовлечете под кожа и ќе почнат да ве прифаќаат како некој без кого не може да се работи. Не правете драма, снајдете се.

ЛАВ

Ќе имате добар баланс меѓу чувствата и разумот. Ќе знаете да се поставите како што треба , а партнерот тоа ќе го цени. Ќе се појави ненадејна потреба да се заокружи една целина . Ќе се потрудите да финиширате најдобро што знаете. Имате влијание врз другите.

ДЕВИЦА

Вашите забави и дружби ќе продолжат со ист интензитет како и до сега. Ќе бидете среќни и задоволни. Оние кои обично многу зборуваат , со време им стануваат здодевни на другите. Пазете да не се вклучите во оваа категорија. Ќе се чувствувате убаво.

ВАГА

Некои ќе мислат дека никој не ги сака и ќе трпат. Оние во врска ќе се чувствуваат осамени и покрај се. Денеска повторно дознавате дека можностите се едно , а стварноста нешто друго. Ќе ви биде потребна мудрост за да најдете рамнотежа. Ќе сонувате.

ШКОРПИЈА

Оние кои се во подолга врска , денеска ќе се обидат да го обноват односот со помош на секс и еротика . Малку ќе претерате. Веројатно за малку ќе избегнете расправија. Така е подобро. Исто така откажете се од непотребни коментари. Издржете , без брзање.

СТРЕЛЕЦ

Сметајте на зголемена чувствителност на партнерот или вашите лични односи ќе бидат подложни на најситни вибрации. Некои ќе ја менуваат моменталните деловни планови , за што подобро да се прилагодат кон ситуацијата. Другите ќе одмораат. Треба да се каже вистината.

ЈАРЕЦ

Ќе се обидете да ги споите емоциите и радоста. Во тоа речиси целосно ќе успеете. Многумина ќе почнат ново познанство. Повеќето ќе работите денеска со многу дух , шарм и отвореност. Ништо нема да им биде тешко. Не заборавајте на искреноста.

ВОДОЛИЈА

Само што направивте еден чекор напред , веќе одите два наназад. Ви недостига трепение и такт . Веројатно на работа денеска ќе бидете површни. Ќе ви биде важно само да се опдработи она што се мора. Повлечете се на мирно место.

РИБИ

Мали недоумици ќе бидат поврзани со преуредување на заедничкиот простор или домот. Ќе бидете збунети, но не толку за да не функционирате. Денеска се поврзувате со соработници од други места. Посебно добро им оди на оние од услужните дејности. Бидете прибрани.

извор: нетпрес

To top