Сезоната на фустанчиња, здолништа, шорцеви, костими се капење е на прагот, а за да бидете задоволни со својот изглед особено во пределот на нозете, потребно е да го елиминирате целулитот доколку го имате.
Кофеинот е една од најделотворните состојки на бројните креми против целулит, па наместо парите да ги давате на разни креми, купете кесичка мелено кафе.
Потребно е:
– мелено кафе
-лажичка масло
Две лажици од меленото кафе измешајте го со маслиново масло или обично масло за бебиња, па смесата добро втријте ја и измасирајте на критичните делови.
За подобар резултат горниот дел од нозете може да го завиткате со фолија и да го оставите кафето да делува најмалку 15 минути.