Македонската ријалити учесничка и „ТВ Ред“ водителка, скопјанката Елеонора Миљковиќ деновиве славеше роденден. Можеби не онака, како што би го направила тоа во поинакви услови, да нема корона пандемија, но во секој случај направи роденеенска журка за паметење, исполнета со „љубовна хемија“.
Имено, Нора покрај домашните и нејзиното момче Чедо, собра неколумина најблиски другари, другарки, пријатели, го декорираше домашниот простор со балони и украси, а не изостана ниту роденденската торта.
На неа исцртан ликот на славеничката и две свеќички со бројката години кои ги полни, иако на дамите не им се бројат годините, Нора сепак не ги крие.
Гостите послужени со витаминска шведска маса или поточно „овошно шведски дрво“ со гранки од најразновидни домашни и тропски овоштија, слатки, и секако пијалак по желба.
А желби безброј… Се разбира за добро здравје, среќа, радост, успех и нормално љубов, која на Нора дефинитивно не и недостига. Онаа од домашните, приајтелите и другарките и онаа другата, која ја милува душата, го растреперува срцето, заради која те лазат морници, ти летаат пеперутки во стомачето…
Латино музика и танго за двајца… како роденденска потврда на љубовната магија, која кулминираше со атмосфера во која гореше небото над домот на славеничката од разнобојниот огномет во нејзина чест.
А по огнометот следува ладење… Или поточно ноќно капење во кое неизостана влажната размена на нежности во базенот.
Впрочем, таков е денот… што го чекаме цела година.
Ама затоа љубовта ја споделуваме секој ден во годината. Или барем така треба да биде и мора! А тоа очигледно не и недостасува на Елеонора!
Затоа, како што и самата вели, нема зборови со кои може да ја опише оваа среќа!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__