Радио Милева естрадата тагува

„Нашата најдобра Маки“: Српската естрада во солзи се простува од авторката на најголемите хитови, Марина Туцаковиќ

„Нашата најдобра Маки“: Српската естрада во солзи се простува од авторката на најголемите хитови, Марина Туцаковиќ

Текстописецот на најголемите хитови, Марина Туцаковиќ почина на 67 години по тешко и долго боледување.

Таа ги напиша текстовите на најпознатите песни, а естрадните уметници не може да се помират дека замина најголемиот „хитмејкер“. Тие се простуваат од Марина Туцаковиќ.

Мина Костиќ

„Сега дознав. Многу ми е жал. Сочувство до целото семејство.Нека почива во мир. Никој нема да ја замени Марина.

Саша Матиќ

Од Вас дознавам, во шок, не можам да зборувам.

Нада Топчагиќ

Такви како Марина никогаш не умираат. Остави толку многу работи зад себе што не може да биде заборавена. Се надевам дека замина на некое подобро место. Многу ја почитував Марина и нејзината работа. Сочувство до целото семејство.

Анастасија Ражнатовиќ

Најголема и најдобра, засекогаш ќе живееш во нашите срца и во песните кои вечно ќе се пејат. Вие оставивте длабока трага на оваа земја. Ми беше голема чест што ве познавав.

Елма Синановиќ

Жал ми е што ова го слушам, не знаев. Во шок сум. Знаев дека е болна и е во болница, но ова вест многу ме изненади. Ова е голема загуба. Останавме без голем губитник. Ги  напиша моите најголеми хитови и ништо нема да биде исто без неа.

Ѓорѓе Давид

Среќен сум бидејќи напиша еден текст кој го пејам со децении и по кој ме препознаваат. Ти благодарам за сè, драга.

Драгана Мирковиќ

„Уметник, револуционер, визионер, но пред се – човек. Драга моја Марина, ти блаогодарам за сите прекрасни текстови, за најубавите моменти кои ги поминавме заедно, за бројните совети, ти благодарам што овој свет го направи подобро место за живеење со твојата добрина и талент. Моите мисли одат кон твоето семејство, посебно кон син ти Лача, бидејќи само ние кои имавме среќа да не допреш со твојата величина, знаеме што изгубиле најблиските.  Колку време да поминував со тебе, секогаш беше малку, а со тебе завршува една ера на музиката. Патувај со ангелите Марина и најди мир кој го заслужуваш. Те сака твојата Гага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

Мјерима Његомир

Многу ми е жал. Во многу работи беше посебна, по нејзините феноменални песни. Беше лавица, се бореше. Верувајте дека многу ми е жал, таква жена веќе нема да се роди.

Милица Павловиќ

Многу ме погоди ова трагична вест, немам зборови од шок и тага. Марина беше една вансериска жена, сигурно една од најзначајните личности на музичката сцена на овие простори во последните 30 години и нејзините песни обликуваа многу животи, се даде целата себе и своите емоции во своите песни и остави незаборавна трага. Засекогаш ќе живее низ твоите стихови и ќе бидеш сакана. За мене беше привилегија да соработувам со неа. Ти благодарам на се.

Жељко Самарџиќ

„Ставете ми уште едно виски, бидејќи се сруши целиот мој свет….Ќе нодостигаш засекогаш. Засекогаш ќе ја паметам твојата насмевка мила моја Маки. Засекогаш ќе ги чекам твоите нови текство бидејќи не верувам дека те нема. Те сака засекогаш твојот Бабаре. Нека ти е вечна слава, и ти благодарам за се.

Лепа Брена

„Што и да кажам за Марина, секогаш ќе биде малку. Си замина жената поетеса на сите нас, наша пријателка, другарка, која како скенер ги знаеше нашите души, што мислиме и чувствуваме. Никогаш повеќе нема да се роди таква жена која ја сакавме и почитувавме. Ќе останат нејзините текстови како печат на сите нас, едно време во кое го имамваме најголемиот текстописец, пријател. Нека и лесна земја и нека не гледа од подобро место.Те сакаме и ќе те сакаме засекогаш Марина бидејќи ти со твоите дела ни ги разубавуваше животите, твоите зборови ги преточивме во емоции кои сите ги почувствуваа. Почива во мир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Цеца Ражнатовиќ

„Останав вез зборови. Зад неа е долга, тешка борба. И колку и да ја знаевме сериозноста на ситуацијата, јас немам зборови. Замина една вонсериска душа, жена која од секоја ситуација правеше поезија, некој кој никој не остана имун на нејзината работа, а ние кои ја имавме за пријател, може да се сметаме за привилигирани. Марина моја драга, одмори си ја душата и знај дека ќе бидеш сакана од сите нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Јелена Карлеуша

Маки моја јас барам зборови … Во овој по*ран живот полн со болка, страдање и тага, ја остави најубавата трага … И претпоставувам дека вредеше да се живее … Ти благодарам за сè.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

To top