Велат: „Една фотографија – илјада зборови“! Или: „Сто пати кажано – еднаш видено“, како сакате. Токму една таква заедничка фотографија на две познати македонски личности, популарни лица од ТВ екраните и естрадата, оваа недела ја заскокотка јавноста.
Имено, младата македонска „Гранд ѕвезда“, пејачот и музичар Стефан Величковски кој остави силен впечаток како учесник во најпознатото регионално музичко талент шоу и македонската ТВ водителка која последниве години ја гледаме на ТВ Алфа како автор, уредник и водител на емисијата за уредување на просторот, “Квадрат”, шармантната Ана Николовска споделија една иста заедничка фотографија, независно еден од друг на своите профили на социјалните мрежи.
На неа, русокосата убавица потпрена со рацете на рамото на пејачот, обајцата „образ до образ“ во поза што дебело асоцира на тоа дека тука има нешто што е повеќе од обично пријателство. Оттаму и љубопитните погледи и прашања, дали тоа на македонската ТВ водителка и пејачот приватно „им се вкрстиле патиштата“ во животот?
И Стефан и Ана долго не покажуваа приватно дека имаат некој покрај себе, не барем за сериозно. На речиси сите фотографии на нивните профили на социјалните мрежи и тој и таа се сами или во друштво, кое не асоцира на љубов.
Стефан остана запаметен по своите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, но и по своите шармерски марифети, ако не друго сликајќи се „секогаш во добро друштво“. За „дружењето“ зад камерите, ништо не се дозна, не барем во јавноста.
Ама затоа скопскиот мачо имаше храброст дури и јавно да изјави дека не би имал ништо против „да ја смува“ и една Јелена Карлеуша!?
Храбар и директен: Стефан Величковски би ја „смувал“ Карлеуша! (видео)
Ана кој исто така долго ја гледавме „сама“, барем на фотографии, неодамна се пофали дека прославува 10 години од своето прво телевизиско појавување, велејќи дека и после 10 години медиумска кариера, кога би требало повторно да бира, без двоумење би одбрала да чекори по истиот пат!
View this post on Instagram
Дали заедничката фотографија на двете познати лица значи дека обајцата зачекореле по „патот на љубовта“, наскоро времето ќе покаже.
Ако е така, Ана има причина за „радост на квадрат“, а Стефан? Иако Ана можеби не е ни Милица Павловиќ, ни Карлеуша, ни било која друга „Гранд ѕвезда“, сепак е повеќе од „добро друштво“ за „дружење во двојка“… И тоа на долги стази!
Ана Николовска и Стефан Величковски – една фотографија, на два различни поста… тоа мора да е љубов?
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/ana_nikolovska_/Stefan Velickovski