Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започнува со емитување на 18 септември, а учесниците и гледачите ќе имаат големо изненадување на самиот старт – нов член на жирито ќе биде Светлана Цеца Ражнатовиќ. Денес, вторник 07.09.2021 г. се одвива и првото снимање од новата сезона на шоуто, во кое Цеца за првпат ќе се појави.
Гранд издаде соопштение во кое и се заблагодарува на Јелена Карлеуша за соработката и го поздравува новиот член на жирито:
„Сигурни сме дека одличната музичка кариера, искуство и знаење на Цеца ќе бидат ветер во грбот на новите учесници во оваа натпреварувачка шоу програма. Нејзиното присуство во жирито ќе донесе нова енергија во која ќе уживаат и гледачите и учесниците, а шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ќе биде гледано повеќе од било кога. Благодарни сме и на досегашната членка на жирито, Јелена Карлеуша, за нејзината долгогодишна соработка на овој проект и се’ што направи за учесниците, а Гранд продукција останува куќа во која Јелена е секогаш добредојдена“ -соопштија, меѓу другото, од Гранд.
И додека Цеца снима, Карлеуша денеска го слави роденденот на своите ќерки Атина и Ника, кои се родени на ист датум, но со разлика од една година. Јелена за подарок им подготви изненадување – патување во Париз.
„Денес е прекрасен ден за нас. Моите бебиња имаат 12 и 13 години. Мама ги носи во Париз“ – напиша Карлеуша и објави фотографија од аеродромот, што значи дека тие веќе се упатиле кон Франција.
Пред тоа и таткото на Атина и Ника, фудбалерот Душко Тошиќ, им го честиташе роденденот на своите ќерки преку Инстаграм.
Веруваме дека ова ќе биде незаборавен роденден за нејзините ќерки, а како Карлеуша ќе ја искоментира Цеца, која сега е на нејзино место, останува да видиме?!
Фото: Јутјуб и Инстаграм ринтскрин /zvezdegranda/karleusastar/duskotosic