Месец ноември Рамстор мол ќе го стартува со нова интересна кампања посветена на најмалите. Од 1-ви до 5-ти ноември повелете во незаборавниот Детски свет во омилениот Рамстор мол.
Покрај обезбедените попусти до 50% во детските продавници во трговскиот, организаторот најавува многу дружење, забава и изненадувања за сите дечиња. Според официјалната агенда во текот на овие пет дена трговскиот центар ќе биде претворен во вистинско забавно место полно со возбудливи катчиња. Дечињата ќе може да се дружат со омилените детски ликови, да бидат дел од креативни работилници, да учествуваат во разни интересни предизвици, да се забавуваат со Златните славејчиња.
Во овој период со секоја сметка над 500 денари направена во детските продавници Рамстор мол ќе подарува и по еден билет за Златно славејче.
Според најавеното од среда (1.11) Рамстор мол дефинитивно ќе биде омиленото место за незаборавно детско дружење. Радости прави за умни глави!