Дали почна да ви се случува да печете нешто во рерната и да сфатите дека еден дел од плехот е испечен, а другиот дел е на половина?
За жал, оваа ситуација не е ретка. Покрај тоа, речиси сите домаќинки ќе ви кажат дека секоја печка има свој начин на работа. Ова се случува поради грејачите, а проблем со температурата може да направи термостатот.
Ако се сомневате дека вашата рерна не пече како што треба, не дозволувајте поради тоа да ви се уништи уште еден ручек.
За конечно да се утврди што не е во ред со вашата рерна, предлагаме брз и ефтин трик. Земете парчиња леб, по можност исечен, бидејќи сите кришки се со иста големина.
Загрејте ја рерната на 170 Целзиусови степени и во неа ставете го плехот со рамномерно распоредениот леб. Веднаш штом ќе видите дека некои кришки се испечени, извадете го плехот од рерната.
Бојата на лебот јасно ќе ви открие каде рерната грее појако, а каде послабо. Ако сте во можноост, повикајте го мајсторот да ви ја поправи рерната. Ако во моментов не можете да го направите тоа, обидете се да ја распоредите храната така што ќе може да се испече подеднакво, а во тоа може многу да ви помогне доколку го вртите плехот.