Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место доаѓа Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Карлеуша се огласи и истакна дека нема да биде дел повеќе од музичкото шоу бидејќи сака да се посвети на издавањето на нејзиниот нов албум.
Сега се огласи и Цеца Ражнатовиќ.
Многумина се изненадија од веста дека ќе бидете дел од „Ѕвездите на Гранд“. Како дојде до тоа да бидете дел од музичкото шоу?
-Не се случи земјотрес. Се случи одлична понуда и обострана желба да едно музичко натпреварување го поставиме на повисоко ниво и да направиме да биде уште попопуларно. Со своите знаења и искуства да создадеме нови лица на музичката сцена. Подолго време траеја преговорите, но вчера ги финализиравме. Не сакав да зборувам за тоа додека не потпишав договор, а кога тоа се случи продукцијата излезе со соопштение. Имам искуства со натпреварувањата, јас исто така учествував и се борев за прво место, а потоа бев дел и од „Пинкови ѕвезди“.
Кој е главен виновник што ќе бидете дел од музичкото шоу?
-Судбината. Шегата на страна. Интересот на менаџментот на Гранд продукција како и чесните преговори кои дадоа резултат да потпишам договор.
Колку долго ќе трае соработката?
-Во овој момент може да кажам дека пред мене се три години кои ме врзуваат за овој проект. Сакаме заедно да ги обележиме во најдобро можно светло“.
Ќе биде ли строга Цеца?
-Не можам да одам против своите принципи кои ги почитувам со години. Тоа е мислењето да кажете како некој пее, но тоа да биде културно кажано, без некој јавно да го исмејувате. Станува збор за млади луѓе кои немаат искуства на сцената, ни пред камери, а посебно кога пред нив седат 10 луѓе кои треба да ги оценуваат. Притоа, собрале храброст да се пробат во нешто друго и да се изборат за подобро утре.
Значи нема да ги навредувате кандидатите?
-Не е поента на натпреварувањето некој да плаче на сцената, да им викате на кандидатите и да ги потценувате. Еден натпреварувачко шоу треба да влијеа на кандидатите да бидат подобри во следниот круг. На крајот да победи оној кој најмногу се трудел или има најголем талент. Ќе се трудам своето знаење и она што го научив во 30 години кариера да го имплементирам во ова натпреварување. Ако погледнете било кое странско натпреварување, ќе видите дека тоа е така.
Во какви сте односи со останатите членови на жирито?
-Никој од членовите во директна средба не ми кажа ништо лошо, напротив добивав многу коментари на мојот изглед, работа, кариера и многу други работи. Им благодарам на тоа. Не гледам зошто новите средби би биле поразлични. Сакам да негуваме добра енергија и сите да бидеме во служба на тоа најдобрите и најталентираните да се најдат во финале.
фото: промо/милош надаждин/инстаграм/цеца ражнатовиќ