Радио Милева Љубовници некогаш, пријатели - засекогаш...

На Калиопи и „разводот и е песна“: Вака поп дивата му го честиташе роденденот на бившиот сопруг, сегашен пријател и нејзин хитмејкер Ромео Грил (ВИДЕО)

На Калиопи и „разводот и е песна“: Вака поп дивата му го честиташе роденденот на бившиот сопруг, сегашен пријател и нејзин хитмејкер Ромео Грил (ВИДЕО)

Македонската поп дива Калиопи Букле е една од ретките која има настапи и во време на коронапандемија и тоа најмногу, надвор од Македонија. Соседството на северот од земјата е најчесто нејзино поле за „музичко ординирање“, па така пејачката има настапи од Грделица и Ниш, до Смедерево и Белград…

Но, Калиопи не ќе беше она што е денес, да не беше ТОЈ, кој се појави во нејзиниот живот уште во тинејџерските години, а нивната „специјална емотивно-професионална врска“ трае до ден-денес.

Имено, Ромео Грил нејзиниот некогашен сопруг, денешен можеби најдобар пријатал и автор на голем број од нејзините најголеми хитови славеше роденден. Ниту тој, ниту Калиопи не кажаа кој му е по ред, ама затоа поп дивата покажа како му го честиташе роденденот на својо сакан и драг Ромео. А како поинаку, отколку со она што таа најдобро го знае – со песна.

Ромео кој живее и работи во Швајцарија, на гости во Скопје кај Калиопи, па заедно креираа, музицираа,  запејаа и славеа, а Калиопи го сподели моментот овековечен  на нејзиниот Инстаграм со видео, па напиша:

„Кога маестрото пее и свири своја песна на моето пијано… Среќен роденден на најдобриот татко и креаторот на најголемите песни. Долг и среќен живот Ромео“  – му порача неговата (не)судена „јулија од Македонија“ на својот бивш сопруг, сега пријател и соработник, зашто на Калиопи очигледно и „разводот и е песна“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

За потсетување на оние што знаат, а и за оние помладите, Калиопи и Ромео Грил во нивните младешко-тинејџерски години беа во врска. Нивната „забранета љубов“  помеѓу Македонец со српско – хрватско потекло и Македонка со влашко потекло, ќе резултира со брак од кој го имаат синот Пако, но и со заминување од средината која ќе ги „гуши и притиска“, од Македонија во Швајцарија.

Секако и со грст хитови, ниска од музички бисери кои Ромео ќе ги создаде, а Калиопи ќе ги испее. Од антологиската „Роѓени (Бато)“ до евровизиските „Црно и бело“ или „Дона“  со кои македонската „поп примадона“ во два наврати ја преставуваше Македонија на „Евровизија“!

Швајцарската љубовна приказна на Калиопи и Ромео не потраја долго, па тие по извесен број години брак се разведоа, по што таа се врати дома во Македонија, а тој остана во Швајцарија, каде остана да живее и нивниот син Пако… Но, останаа и спомените и пријателските релации кои ги заменија љубовните емоции и секако соработката на музички план, со која се’ уште повеќе од успешно пејачката ја „тера“ својата богата кариера.

Калиопи и Ромео? Љубовници некогаш, пријатели – засекогаш…! И родители на нивното чедо! Најверојатно и вечни соработници, како еден за друг створени!

Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official/Екран

Видео: Јутјуб

To top