До емитувањето на новата серија „Пејачка“ во која главната улога ја има „секси сењорита“, како што гласи прекарот на фолкерката Милица Павловиќ. Креатори и сценаристи се Предраг Антонијевиќ и Наташа Дракулиќ, а режисер Милош Кодемо.
„Актерите се прекрасни. Сите навистина ми помагаат. Најнервозна сум пред да го бакнам Тимотиевиќ, но сметам дека ќе ме опушти. Имам одлични соработници кои ми објаснуваат пред секоја сцена што да очекувам од мојот партнер и ме потсетуваат на сценариото“ – раскажа Павловиќ за време на снимањето.
Милица е активна на социјалните мрежи, а сторијата за своето актерско деби во серијата ја објави на својот профил на Инстаграм.
„Доаѓа „Пејачка“! Знаете што, не знам што да кажам сега … Нестрпливо го чекав овој момент да ја објавам серијата и колку и да бев подготвен за тоа, сега се’ паѓа во вода откако сум свесна дека серијата е на чекор до нејзиното емитување.
П.С. Верувајте, врз основа на овој тизер, не можете ни да претставите каков рингишпил ве чека“ – напишала Милица покрај споделеното видео.
Серијата „Пејачка“ ја следи младата музичка sвезда Ивана Лазиќ, која ќе победи на музички натпревар и ќе стекне огромна популарност. Подоцна, таа е убиена, а случајот го презема детективот Бојан. Оддамна се шпекулираше дека ова ТВ остварување било инспирирано од убиството на пејачката Јелена Марјановиќ.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/senoritamilica