Каков треба да биде идеалниот сопруг? Вистинските жени знаат дека физичкиот изглед не е толку важен колку што е важен карактерот и неговото однесување.
Овие знаци покажуваат дека имате добар сопруг.
Со него се чувствувате убаво
Со него никогаш нема да се чувствувате лошо. Без разлика дали станува збор за тоа дали се двоумите дали фустанот ви стои добро, дали размислувате како да ги завршите работните обврски или сте тажни – вистинскиот маж ќе ви помогне да се справите со сите ситуации и ќе ви покаже дека може да му верувате.
Добриот сопруг никогаш не се обидува да ве манипулира.
Тој нема потреба да ве контролира каде и со кого излегувате кога не сте дома бидејќи ви верува.
Добриот маж нема ве спречи да ги остварите вашите сонови туку ќе ви помогне да ги реализирате.
Ќе ви биде најголема поддршка, а по потреба и рамо за плачење. Нема да ви допушти да се откажете од вашите планови и идеи.
Не помислува на неверство – во неговиот живот има место за само една жена, а тоа сте вие.
Знае дека треба да имате време само за себе
Добриот маж знае дека за успешен брак е потребен компромис и дека секој од вас треба да има слободно време за себе. Тој ве поттикнува да минувате време со вашето друштво, да одите на концерт или да се занимавате со вашето хоби.
Секогаш ви ги дава најдобрите совети
Ако го замолите за совет, ќе ви го каже своето мислење, но никогаш нема да ви го наметнува неговото и да ве тера да размислувате исто како него.