Јелена Карлеуша го прослави својот 43 -ти роденден далеку од очите на јавноста.
Јелена Карлеуша го прослави својот 43 -ти роденден во својата вила на Дедиње со нејзините најблиски пријатели и членови на семејството.
View this post on Instagram
Во оваа прилика, пејачката организираше прослава што се одржа далеку од очите на јавноста, а деталите ги сподели следниот ден со своите следбеници на Инстаграм, кои воодушевено го коментираа нејзиниот стајлинг.
View this post on Instagram
Јелена носеше бел костим за капење чиј горен дел едвај ги покри нејзините гради, а преку него облече сина наметка која привлече посебно внимание.
Ја покажа и тортата на два ката, која беше украсена со мотиви на сирена, а потоа облечена скокна во базенот!
View this post on Instagram
“Ви благодарам на сите за честитките и најубавите желби! Продолжуваме во голем стил! Ни помалку ни повеќе! Ве сакам. П.с. Не правев роденденска забава оваа година, бев во најтесниот круг на семејството и пријателите, се одмарав и ги полнев батериите“, напиша Јелена под роденденските фотографии.
Погледнете ги фотографиите од прославата:
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar