Ако не сте многу гладни, тогаш брускетите се идеално решение за вас
Состојки:
багет
150 гр сланина
осум јајца
чешне лук
малку путер
сол, бибер
маслиново масло
Подготовка:
Исечете го лебот на кришки, а потоа истријте ја секоја со чешнето лук. Секое парче премачкајте го со путер и наредете го на плех, па печете неколку минути.
Во меѓувреме, одделно испржете ги јајцата и сланината исечена на парчиња. Извадете го лебот и ставете по едно јајце на секое парче, парче сланина, потоа сол и бибер и посипете со маслиново масло. Послужете топло.