Радио Милева „осигурувач“...

Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ заедно заминаа на одмор во Барселона: „Опасни врски“ или само цврсто пријателство? (ФОТО)

Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ заедно заминаа на одмор во Барселона: „Опасни врски“ или само цврсто пријателство?  (ФОТО)

По неколкуте концерти што ги одржа низ Србија и Балканот, Марија Шерифовиќ одлучи да отпатува на одмор во Барселона заедно со никој друг, туку со победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ. Ова одново ја подгреа старата приказна за наводната „тајна врска“  помеѓу двете пејачки, па многумина повторно ги заскокотка дилемата дали се работи за „опасни врски“ или само за цврсто пријателство? 

Недоумиците ги расчисти Едита Рамовиќ, мајката на  младата „Гранд“ ѕвезда која ги придружува пејачките на одморот, а фотографијата објавена од Марија на нејзините Инстаграм приказни покажува дека  женската компанија одлично се забавува.

„Среќно“, напиша Шерифовиќ, наздравувајќи во кафулето со пијалак со двете дами од семејството Рамовиќ.

Да потсетиме дека веќе подолго време се пишуваше во медиумите дека родителите на Џејла наводно не го одобруваат блискиот однос на нивната ќерка со единствената српска  победничка на Евровизија, што со оваа фотографија беше демантирано?! Или можеби потврдено, зашто некои сепак прокоментираа дека госпоѓа Рамовиќ е  тука за секој случај. Да биде „осигурувач“ и еден вид  „чувар на пријателството“ помеѓу нејзината ќерка Џејла и Марија, за тоа случајно да не премина во нешто друго!?

Фото: Инстаграм принтскрин/serifovic/d_z_e_j_l_a_r_a_m_o_v_i_c

 

To top