Министерството за здравство разговарало со претставници на апликацијата Common pass и Европската Унија со што за Македонија е одобрен код, па сите сертификати за вакцини кои биле аплицирани овде на македонски државјани ќе бидат препознанени секаде и електронски, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Апликацијата може да ја симне секој на својот мобилен телефон, а сертификатот кој треба да се преземе во неа за сите вакцинирани е достапен на сајтот vakcinacija.mk.
„Ние сме прва земја во регионот на која ЕУ и овозможува да има код за сертификатите за вакцинација. Таа може да ја симне секој, а има код за земјата и се препознаваат сите сертификати. На сајтот Vakcinacija.mk има два вида сертификати, еден е национален, другиот е таков кој одговара за common pass. Кога тој ќе се преземе во common pass ќе стане препознаттлив насекаде. Сите податоци ќе ги има електронски. За ова ЕУ даде одобрување и на 19 август треба да се официјализира, рече Филипче.