Ако повеќе сакате квалитет отколку за квантитет, пробајте некои од овие специјални намирници кои спаѓаат во најскапата храна во светот и се служат во најлуксузните светски ресторани.
Ванила
Верувале или не, мешунката од ванила е една од најскапите намирници во светот – онаа којашто потекнува од Мадагаскар. Опрашувањето на цветот од ванила во оваа земја се прави рачно и само еден ден од годината, па затоа килограм ванила од Мадагаскар чини дури 270 долари.
Мацутаке печурки
Овие печурки од Јапонија имаат слатко лут вкус кој не им одговара на сите. Нивната цена по килограм понекогаш достигнува и до 450 долари.
Ибериска пршута
Направена е од задните нозе на шпанските црни свињи и се смета за голем деликатес. Овие свињи слободно пасат и се хранат со билки. За иберска пршута ќе треба да издвоите дури 4.500 долари.
Шафран
Шафранот е најскапиот зачин во светот кој се продава по цена од 4.500 долари по килограм. Тој е идеален додаток во рижото, паеља и риба.
Фугу риба
Ако посетите рибен ресторан во Јапонија, едно парче фугу риба може да го платите дури 470 долари. Причината за високата цена на овој оброк е поради начинот на подготовка – мора да ја приготват специјално обучени кувари бидејќи е полна со отрови кои може да предизвикаат смрт.
Црна лубеница
Црните лубеници растат на јапонскиот остров Хокаидо и се одгледуваат многу тешко. Годишно се произведуваат само 100.000 парчиња. Цената на една црна лубеница може да достигне и до 60.000 долари. Богатите Јапонци ги подаруваат како подарок на венчавки.
Бели тартуфи
Белите тартуфи се уште поскапи од црните. Најмногу ги има во рестораните во Тоскана каде што свињите и некои раси кучиња ги наоѓаат под земја. Килограм бели тартуфи чини од 3.000 до 4.000 долари.
Кавијар
Кавијар се добива од д икра од рибата есетра и се служи како предјадење со леб. Најскапиот кавијар е од Сибир при што едно мало пакување бел кавијар Strottarga Bianco чини дури 37.000 долари.