Вистинските заводници се неодоливи за жените и буквално нема жена која нема да падне на нивниот шарм и харизма. Но не е само тоа, успешните заводници имаат и многу искуство и работат на своите заведувачки способности.
Иако зборот „заводник“ има и пежоративно значење и често се употребува за маж кој има промискуитетни сексуални навики, сепак изворното значење на овој збор не е ни малку негативно.
Заводникот е оној што успешно ќе ви се пикне под кожа и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално искуство.
Знае што сака
Тој дефинитивно многу добро знае што сака и нема да се воздржува тоа да го изрази јасно и гласно, но и нема да се откаже додека не го добие.
Ако процени дека вие сте жената на неговиот живот ќе направи невозможни работи да допре до вас. Но не само за да ве освои, туку и задржи покрај себе засекогаш!
Не престанува пријатно да ве изненадува
Таман кога ќе помислите дека не може повеќе да покаже креативност во секојдневната комуникација со вас, тој ќе се демантира.
Вашата среќа му е искрено важна на вистинскиот заводник, тој никогаш нема да ви купи подарок во знак на извинување за некоја постапка, ниту ќе си дозволи да ве вознемири, па да ве смирува.
Знае што не треба никогаш да каже или направи
Тој знае дека со изговарањето на некои реченици и со постапувањето на одреден начин врската меѓу вас веќе завршува иако формално може да се пролонгира нејзиното „одржување на апарати“.
Никогаш нема да си поигра со вашите емоции, да каже тежок збор ниту за вас, ниту за она или оние што вие ги почитувате.