Живот и Стил

Совршен рецепт кој се прави за 5 минути: Потребни ви се само неколку состојки, многу лесно се подготвува, а вкусот ќе ве воодушеви

Совршен рецепт кој се прави за 5 минути: Потребни ви се само неколку состојки, многу лесно се подготвува, а вкусот ќе ве воодушеви

Исечете го готовото јадење на парчиња и сервирајте топло

Ако ви треба брз, но вкусен оброк, ова јадење ќе биде вистинскиот избор. Потребни ви се само неколку состојки, многу е лесно да се подготви, а вкусот ќе ве воодушеви.

500гр компир
150гр брашно
1 јајце
сол
бибер
маслиново масло
100гр шунка
100гр кашкавал

Подготовка:

Сварете ги компирите, па убаво изгмечете ги. Додадете јајце, сол, бибер, а потоа брашно и измешајте сѐ добро, за да добиете компактно тесто, и доколку е потребно, можете да додадете повеќе брашно ако процените дека тестото не е доволно цврсто.

Во загреана тава ставете малку маслиново масло, потоа развлечете половина од подготвеното тесто и ставете го на дното на тавата. Наредете ги шунката и кашкавалот над тестото, а потоа и другиот дел од тестото. Пржете од двете страни додека тестото не добие златно кафеава боја

Исечете го готовото јадење на парчиња и сервирајте топло.

Пријатно!

To top