Живот и Стил

КАКО ДО ПОВЕЌЕ СРЕЌА И ПАРИ? Еве што треба да имате со вас

КАКО ДО ПОВЕЌЕ СРЕЌА И ПАРИ? Еве што треба да имате со вас

Постојат различни фенг шуи амајлии за кои се верува дека привлекуваат пари, среќа, љубов и позитивна енергија. Некои од нив се чуваат во домот на полици или места „багуа“ или на канцелариски маси, а има и три за кои се верува дека секогаш треба да ги имате со себе.

Многу луѓе купуваат еден од нив како сувенир на нивните патувања, а не се сигурни во нивното значење. Еве ги 3 фенг шуи талисмани за кои се верува дека треба да ги имате со вас:

1. Кинески монети

Тие го симболизираат соединувањето на небото, земјата и човекот. За нив се верува дека носат просперитет, професионален успех, здравје, задоволство и изобилство. Кинеските монети може да се користат во групи од по три, пет, шест, осум, девет или десет монети врзани со црвен конец. Никогаш не користете четири затоа што се смета за лоша среќа. Тие можат да бидат прикачени на мобилни телефони, да се ставаат во сад, па дури и да се носат во паричник за да се активира просперитетот.

2. Фатимино или турско око

Окото на Фатима, исто така наречено турско око или Назар, се користи како амајлија во различни култури, вклучително и традицијата на фенг шуи. Многумина го купуваат на туристички дестинации и го користат како украс. Се верува дека штити од завист, љубомора, лоша енергија и најчесто се закачува на вратата или се носи како приврзок за клучеви.

3. Бесконечен јазол

Ова е симбол на фенг шуи јазол што се користи за продолжување на сите добри работи, бидејќи се смета за едно од осумте богатства на Буда. Ако користите мистичен или бесконечен јазол, обидете се да го поставите во југозападниот дел од вашиот дом, спална соба, канцеларија или дневна соба и на тој начин да ги подобрите сите ваши односи. Може да го носите и како накит, приврзок или да го ставите во паричникот.

To top