Радио Милева кај најдобриот

Лепа Брена безрезервно му верувa: Овој Македонец ја среди пејачката за настапот во Битола (фото)

Лепа Брена безрезервно му верувa: Овој Македонец ја среди пејачката за настапот во Битола (фото)

Откако попуштија корона мерките односно се дозволија настапи, познатите од регионалната музичка сцена не чекаа многу за да дојдат да настапуваат во македонските градови -Скопје, Битола, Дојран, Охрид, Штип, Кавадарци.

Викендов, големата музичка ѕвезда Лепа Брена настапуваше во Битола.

Имено, пејачката речиси по една година музичка пауза поради пандемијата со коронавирусот се врати на музичките настапи. Првиот концерт го имаше во Бугарија, а вториот во Битола.

Брена направи вистинска атмосфера додека ги пееше нејзините најголеми хитови, кога ја запеја и „Југословенка“, во клубот се развеа и југословенско знаме.

За нејзиниот изглед, барем кога станува збор за шминката и фризурата се погрижи македонскиот стилист Зоран Шурбевски.

Имено, Брена на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотогорафии од пред настапот, а на едната од нив и позира заедно со Зоран.

Нема сомнеж дека Македонецот ја средил пејачката за чиста 5ка, а таа изгледа задоволно од крајниот резултат.

Брена посетата во Битола ја искористи и малку да прошета, а на нејзиниот Иснтаграм се пофали со неколку фотографии.

Инаку, Зоран Шурбевски е еден од најдобрите шминкери кој редовно се грижи на изгледот на многу наши познати Македонки меѓу кои: Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Миа Костова, Викторија Лоба и многу други.

Инаку, ова не е првпат Зоран да ја средува Брена. Ја средуваше и пред неколку години кога пејачката имаше концерт во Скопје.

 

To top