Радио Милева секси дами

Елена Стефановска и Наташа Малинкова позираат во несекојдневни пози со провокативни дози: Двете дами во бикини се „поопасни“ од летните горештини

Елена Стефановска и Наташа Малинкова позираат во несекојдневни пози со провокативни дози: Двете дами во бикини се „поопасни“ од летните горештини

Претходното лето, лето 2020 ќе се памти. Поради пандемијата со коронавирусот која се уште трае и никако да заврши, претходното лето беше ограничувачко со патувања, со одредени мерки за заштита од коронавирусот.

Меѓутоа, сега откако барем малку попуштија мерките за заштита од Ковид 19, граѓаните ги спакуваа куферите да заминат некаде на одмор, да се опуштат на плажа…

Познатите уште во мај ја отворија летната сезона, па уживаа некаде покрај море.

Некои сега одмараат во Охрид, други во Грција, Турција, Албанија, Хрватска. Како и да е, познатите дами се расоблекоа на +40 степени, го покажаа своето тело со помалку облека на себе, уживаат на сонце, фаќајки боја позирајќи во различни пози.

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефaновска живее и таков живот – со стил. Таа секоја прилика ја користи за да оди некаде на патување, без разлика дали е нашата Македонија, некаде надвор од држвата, таа ужива кога станува збор за патувањата.

Поради пандемијата Стефановска подолго време не можеше да оди во Хрватска, да ја види нејзината сестра и внуките.

Сепак, водителката сега кончено успеа да замине на својот годишен одмор, да ужива во друштво на нејзините блиски и нејзиниот партнер Бојан Најдоски.

Стефановска дека ужива – ужива, а на социјалните мрежи знае да сподели како го поминува времето.

Така, на својот „Инстаграм“, таа сподели фотографија на која позира во бикини испружена покрај морето, во несекојдневна поза и со провокативна доза. Водителката буквално „му се испружи“ на сонцето фаќајки тен, но со заземаната положба ја разбуди машката фантазија, нејзините следбеници не престанаа да и коментираат дека изгледа презгодно, но и дека ќе има пожар во Опатија поради нејзината жешка поза.

Сигурни сме дека Стефановска ги полни батериите и наскоро ќе се врати полна со енергија, подготвена за новите работни ангажмани.

Пејачката Наташа Малинкова исто така спас од горештините бара покрај плажа, уживајќи ем во преубавиот поглед, ем фаќајки боја под сонце.

Малинковка во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели неколку фотографии на кои позира во едноделно црно бикини додека ужива на плажа.

Таа позираше испружена под сонце, но она што е во фокусот на вниманието е нејзиното згодно, витко тело на кое може да и позавидат многу млади девојки. Малинкова ужива и полни батерии додека повторно да одржи некој настап пред публиката и љубителите на нејзината музика.

Како и да е, двете дами уживаат и бараат спас од горештините и топлотниот бран, а во костими за капење изгледаат позгодно од кога и да било.

фото: Инстаграм/елена стефановска/наташа малинкова

To top