Живот и Стил

Во Грција не јадете гиро, во Турција баклава – докторите откриваат зошто

Во Грција не јадете гиро, во Турција баклава – докторите откриваат зошто

Омилената храна која ја има во туристичките дестинации може да биде опасна по вашата здравје. Докторите откриваат што не треба да јадете на популарните летувалишта за да ги избегнете стомачните проблеми.

Голем број туристи за време на својот одмор или по враќањето од него се соочуваат со стомачни тегоби. Гастроентеролозите велат дека оваа ситуација може да се избегне доколку со себе понесете пробиотик и го пиете најмалку еднаш дневно, а особено внимание треба да обрнете и на специфичноста во исхраната.

ГРЦИЈА

Во Грција треба да го избегнувате месото, според докторите, бидејќи поради високите температури тоа често се замрзнува повеќе пати, што е добра подлога за бактерии.

-Најмногу во Грција се јаде гиро, а неговиот квалитет е дискутабилен. Направен е со месо кое слабо е термички обработено и се врти по цел ден на некои места и на сонце, што не е хигиенски. Затоа, според докторите, подобро е во Грција да јадете суфлаки од чисто место кое се пржи на 600-700 степени, температура на која бактериите умираат.

ЕГИПЕТ

Доколку летувате во Египет не пијте вода од чешма. Консумирајте исклучиво флаширана вода, бидејќи водата која не е бактериолошки исправна може да предизвика сериозно заболувања. Избегнувајте и многу заченета храна, на која не сме навикнати.

ТУРЦИЈА

Докторите велат дека туристите кои патуваат во Турција, каде особено е популарна исхраната на база на шведска маса, особено треба да се внимава да не дојде до прејадување. Според нив баклавите треба да се избегнуваат бидејќи долго стојат. Наместо тоа може да јадете свежи колачи или овошна салата. Не ја преполнувајте чинијата, јадете пет помали оброци дневно.

Морските плодови подготвени на разни начини е еден од специјалитетите на црногорската кујна, но според докторите треба да ги избегнувате или да сте сигурни во локалот каде би ги јаделе.

Морските плодови, особено школките се најголем извор на токсини и патогени бактерии кои можат да предизвикаат сериозни мачнини, велат гастроентеролозите. Само добро измиени школки се добри за исхрана, но речиси и да не постои гаранција дали готвачот пред да ги подготви ги исчистил на соодветен начин.

извор: курир.мк

To top