Радио Милева ноќ за паметење

Елена Петреска ретко споделува приватен момент, но сега јавно изрази емоции на сопругот: „Уште 90 години ми се малку со тебе“

Елена Петреска ретко споделува приватен момент, но сега јавно изрази емоции на сопругот: „Уште 90 години  ми се малку со тебе“

Елена Петреска имаше убав повод за славење.

Пејачката во 2012 година заплови во брачните води со нејзиниот избраник Андреј Толевски.

Свадбата на тогашниот пар се случи во еден скопски ресторан каде и го склучија и граѓанскиот брак.

Отогаш Елена и Андреј уживаат во нивната љубов секој ден, а Петреска многу ретко, речиси па никогаш не споделува приватни фотографии со сопругот.

Меѓутоа, сега посебна причина за славење. Двојката прослави девет години од бракот.

Тие овој датум прославија уживајќи во друштво еден на друг, како и со романтична вечера на која наздравија за љубовта.

Прво, Елена на својот Инстаграм објави фотографија на која позира заедно со саканиот. Петреска е облечена во црно бикини издание, насмеана од „шестка до шестка“ додека пак нејзиниот сопруг и дава сочен бакнеж во образот.

„9 години од свадбата. Уште 90 ми се малку со тебе. Те сакам Андреја“ напиша покрај фотографијата.

Елена и Андреја годишнината ја прославија и со заедничка вечера на која уживаа заедно во прекрасниот поглед од ресторанот, но и наздравија за нивната среќа.

„Ноќ за паметење“, напиша таа покрај објавата.

Нивните пријатели, следбеници на социјалните мрежи им честитаа за годишнината и им посакаа уште вечна да им е љубовта.

Инаку, од бракот тие ги имаат децата Михаил и Софија.

Честитки!

фото: Инстаграм/елена петреска

To top