Радио Милева вештина на заведување

Карлеуша пливаше гола, како сирена во базенот: Поп-фолк дивата како лик од земјата на чудата, ја доведе до врв возбудата (ФОТО+ВИДЕО)

Карлеуша пливаше гола, како сирена во базенот: Поп-фолк дивата како лик од земјата на чудата, ја доведе до врв возбудата (ФОТО+ВИДЕО)

Јелена Карлеуша летово малку работи, малку одмора. Конечно тргнаа и нејзините летни настапи меѓу кои беше и оној кај нас во Македонија, во нашиот езерски бисер Охрид. Сезоната на снимања во „Ѕведите на Гранд“ заврши, па русокосата поп – фолк дива има повеќе време да ужива во магијата на летото и летните волшебства, иако температурите со денови, недели, па и месеци, се тропски.

Но, Карлеуша не би била тоа што е, ако не знае како да си направи да и биде згодно, удобно и пријатно, кога на сите им е тешко и неподносливо жешко од временските прилики. Како што само неа и приличи, белградската „мала од скандала“  и овој пат ја возбуди јавноста и оние што ја следат на социјалните мрежи, на кои одново со леснотија кожата им ја наежи со својата брутална голотија.

Имено, пејачката најпрвин покажа уште еден секси модел ултра мини – бикини, во кои расчекорена во клечечка поза, сподели нова фотографија во еротска поза која дразни и пали по сите основи, особено машкиот свет кој со подзината уста и полна душа, не ги симнува „влажните погледи“ од разголената Карлеуша.

Но, русокосата нимфа за да им го мултуиплицира задоволството на своите следбеници, сподели уште неколку секси пози во нов комплет танга бикини, од кои кипат сите нејзини облини. Како што ја дал Бог, а естетската хирургија ја надоградила, максимално разголена и провокативно испружена на троседот, онака расна, стројна и бујна, никој не ја доживува како „очајна домаќинка во кујна“.

Особено онака клекната на колена, додека си ги поткрева врвките на гаќичките нагоре, Карлеуша ја покажа сета своја вештина на заведување, па ја доведе атмосверата до усвитување на ионака пеколната горештина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

На крај, пиштол гола или поточно топлес, Карлеуша пливаше како сирена во базенот… Како лик од земјата на чудата, ја доведе до врв возбудата, уживајќи во убавините на денот и животот на висока нога, секако… А Вие? Погледенете ја уште еднаш убаво и… „преживејте ја возбудата“, ако можете некако!

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

To top