За жените со поголеми гради може да биде вистински предизвик да најдат соодветен костим за капење. За полесно барање, избравме модели на бикини и едноделни костуми за капење од продавници кои навистина им ласкаат на поголемите гради.
Жените со пораскошно деколте бараат костим за капење што ќе им пружи добра поддршка на градите и во кој нема да мора постојано да се уверуваат дека сè е на свое место.
Ова, се разбира, ги исклучува бикините со топ во форма на триаголник со тенки врвки или какви било прелесни модели.
Иако жените со поголеми гради честопати се борат да најдат модел кој ќе им одговара, може да се најдат такви модели во продавниците кои ќе ги задоволат нивните потреби. Најдовме 10 од нив, и се надеваме дека нашиот избор ќе ви го олесни пребарувањето и дека ќе се чувствувате добро и опуштено на плажа.
Проверете ги костимите за капење кои им ласкаат на жените со поголеми гради во галеријата со фотографии.
извор: Попара.мк