Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски доби син. Димса, како што му е прекарот по кој сите го знаат, среќната вест ја објави на социјалните мрежи.
„Денес ми се роди син, станав татко!!! Фала на Бог и на жена ми Соња Тодорова што ми дари син и што ме направи најсреќен татко на овој голем празник христијански!!! Сине жив, здрав и среќен да растеш!!!“, напиша среќниот татко Арсовски по дознавањето на убавата вест на празникот Петровден.
Среќната мајка исто така му возврати на социјалните мрежи со еден емотикон во вид на срце, споделен покрај неговата објава!
Инаку Димче и Соња се венчаа во месец март 2021 година, а заради корона пандемијата на малата семејна веселба присуствуваа само нивните најблиски. Претходно во средината на јануари Димса ја побара раката на својата сакана објавувајќи дека става крај на ергенскиот живот, но и тоа дека со својата тогашна свршеница веќе чекаат бебе, синчето кое сега дојде на свет.
Редакцијата на Вистина.ком.мк се придружува кон честитките со желби да им е живо и здраво синчето и цел живот да ги прави среќни и горди родители… Не родител 1 и 2, туку среќни и горди мајка и татко!
Фото: Социјални мрежи