ОВЕН
Може да очекувате поволен период во кој ќе успеете да ги решите проблемите кои ве оптоварувале. Искрени сте кон личноста која ви се допаѓа и се надевате дека таа ќе ви возврати. Занимавајте се со спорт.
БИК
Очекувајте дека ќе бидете задоволни од ситуацијата на полето работа. Не планирајте промени. Очекувајте период во кој со саканата личност ќе посакате големи промени и важни промени. Крвотокот е чувствителен.
БЛИЗНАЦИ
Можно е наскоро да имате некоја важна одлука на полето работа. Ве очекува важно потпишување. На полето љубов ве очекува поволен ден да остварите ново познаснтво кое може да ви значи. Внимавајте на чувствителна кожа.
РАК
Очекувајте дека ќе имате шанса да ја промените работата ако кон тоа сте тежеле до сега. Пред вас е ново познанство кое во вашиот живот може да внесе многу страст и возбудување. Ви годи да јадете повеќе овошје.
ЛАВ
Поведете сметка околу тоа каков впечаток ќе оставите на личноста со која планирате соработка. Се чувствувате некако осамено и потребно ви е да се случи промената на полето љубов. Наклонети сте кон депресија.
ДЕВИЦА
Потрудете се да бидете упорни и истрајни за на работното поле успеете да го остварите она што сте зацртале. Ви се допаѓа личност која покажува дека некако е ладна кон вас. Без проблеми со здравјето.
ВАГА
Пред вас е поволен период за работа во кој може да добиете некоја нова понуда за соработка. Не би требало да имате компликации со емотивниот партнер кој ви е посветен. Ќе ви годи прошетка.
ШКОРПИЈА
Доколку соработувате со странство, потребно ви е да се подготвите да некое чекање и одолговлекување. Немојте да се форсирате кога е во прашање вашето емотивно поле. Бидете подготвени на пречки. Добро се чувствувате.
СТРЕЛЕЦ
Финансиската ситуација би требало да ви биде се подобра и подобра. Судбината ви е наклонета на ова поле. Не ви е лесно отворено да ги покажете чувствата затоа што на некој начин стравувате од одбивање. Чувствителен урогенитален тракт.
ЈАРЕЦ
Очекувајте позитивни одлуки на полето работа. Пред вас е добар период за напредок. Ве очекува добар ден за љубов во кој ќе имате прилика за средба со саканата личност. Добро здравје.
ВОДОЛИЈА
Потрудете се да останете доследни кон работните цели кои сте ги поставиле пред себе во овој период. Ако сте слободни може да очекувате средба со додворувач кој ќе ви покаже дека е упорен. Ви следува опоравување.
РИБИ
Очекувајте поволен ден. Ако сте имале некои работни проблеми, ќе успеете да ги решите сега. Ако сте слободни, пред вас е поволен ден за флерт, но вам и натаму не ви стои почеток на нова врска. Проверувајте го крвниот притисок.
извор: нетпрес